Синоќа во НУ Завод и Музеј во Струмица беше отворена Хуманитарна детска изложба насловена „Од детето дело – хуманост на дело“, каде ученици од основните училишта од Струмица создадоа над 100 креации и беа изложени за продажба.
„Сметаме дека овие изрази на емпатија кај децата треба да се поттикнуваат и да се развиваат во правилна насока уште од најмала детска возраст. Секое купено дело создадено од рацете на децата – ученици, претставува чин кој ќе предизвика насмевка и ќе усреќи едно детско срце“ – кажа директорот на НУ Завод и Музеј Струмица, Бранко Ѓоргиев отворајќи ја изложбата.
Посетителите имаа можност да ги видат изложените цртежи на децата и по своја желба да си купат, а собраните средства ќе бидат дадени за помош на едно дете.