среда, 2 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во струмичкиот Музеј е поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“

сабота, 27 мај, 2023 | 10:31
in Вести, Струмица
Во струмичкиот Музеј е поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“

Во просториите на НУ Завод и Музеј Струмица од синоќа е поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Станува збор за првиот претседател на Народна Република Македонија во рамките на СФРЈ и претседател на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, борец, деец и поборник за самостојност на Македонија, Методија Андонов – Ченто.

„Со започнувањето на процесот за независност и осамостојувањето на Република Македонија сѐ почесто се зборуваше за името на големиот Македонец, борец, деец и политичар, Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Од тој период до денес, повеќе историчари, публицисти и други личности, вклучувајќи го и синот на Ченто, Илија, напишаа повеќе публикации, а беа издадени и зборници за животот и делото на човекот – визионер, кој уште во минатото знаеше дека Македонија еден ден ќе стане независна и самостојна држава. Во чест на Ченто, подигнати се повеќе меморијални споменици, спомен обележја, а воедно создадени се повеќе уметнички и други дела. Желбата ми беше и јас да дадам свој придонес во расветлувањето, а пред сѐ во презентирањето на ликот и делото на Ченто, создавајќи едно дело, но со поинаква форма и содржина од досегашните напишани дела за него. Така ја започнав својата „собирачка“ дејност“ – кажа авторот на изложбата, прилепчанецот Рубинчо Белчески.

Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ вклучува 250 хронолошки подредени фотографии каде е застапен ликот на Ченто, членови на неговото семејство, негови соработници и има за цел да го следи неговиот бурен живот исполнет со голем број активности, но и фотографии кои „зборуваат” за „неговиот живот и после смртта“. Изложбата е овековечена и преку фотомонографијата со истоимен наслов збогатена со хронологија на настани и голем број активности на Ченто.

Изложбата за Ченто досега била поставена во 21 град во Македонија, а планирана е во уште десеттина градови. Во струмичкиот Музеј ќе биде отворена во наредните 10 дена каде граѓаните ќе можат да ја видат од понеделник до петок во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица имаше Фестивал на староградски песни и серенади

Next Post

Во недела по 12-ти пат ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

Related Posts

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичанец пронајден мртов на паркинг во Скопје

вторник, 1 јули, 2025 | 17:12
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56
Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Вести

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено

вторник, 1 јули, 2025 | 15:35
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана

вторник, 1 јули, 2025 | 11:21
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23

ТОП ВЕСТИ

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist