Утре од 10:00 до 17:00 часот пред Дом на АРМ во Струмица ќе се оддржи првиот гастрономски натпревар за средношколци и студенти „TASTY – Струмица 2023“.
Натпреварот го организира ресторан „Летница“ во соработка со Општина Струмица, угостителско туристичката струка на СОУ „Димитар Влахов“ Струмица и КВО ВАДИС АД АСТРА.
Првиот натпреварот ќе биде посветен на основачот на ресторан „Летница“, Миро Петров.
„Нашата цел е да ги мотивираме младите генерации на готвачи кои се определиле во оваа област и да придонесеме кон развојот на туризмот и угостителството во општина Струмица. Кон нашата цел и идеја се вклучија и „Вила Парк“, „Концепт“, „Ал Макс – Бисер“, Кланица со ладилник „Ронибет“ и уште многу други“, велат организаторите.