Вчера утрото во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(46) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03:30 часот во продажен објект на булевар „Маршал Тито“ во Струмица одзел пари од касата и го напуштил местото, информираат од струмичката полиција.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршеното дело.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.