Денеска во 10:45 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(44) од Струмица. При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории кај М.Т., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја, информираат од струмичката полиција.
Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.