Од СВР Струмица информацијата дека во средата во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.Р.(21) од Радовиш и Т.Ј.(18) од Штип. Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени во септември од лица од струмичко.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство во Струмица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.