понеделник, 14 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица промовиран романот „Малиот Бог на земјотресот“ на бугарскиот писател Петар Денчев

среда, 29 мај, 2024 | 12:09
in Вести, Струмица
Во Струмица промовиран романот „Малиот Бог на земјотресот“ на бугарскиот писател Петар Денчев

Во Европската куќа во Струмица се одржа промоција на преводот на македонски јазик на романот „Малиот Бог на Земјотресот“ на бугарскиот писател и театарски режисер Петар Денчев.

Романот „Малиот Бог на земјотресот“ започнува како и многу други: со разделба. Жена го напушта мажот без посебна причина и го прави тоа старомодно, со белешка напишана на рака. Главниот лик, нереализиран филозоф и сопственик на цвеќара, сака да открие зошто заминала сопругата и се впушта во трауматично патување низ минатото. Талка во својот гардеробер, по софиските улици, среде чаршијата во Скопје…

Ова е прва промоција на романот во Македонија, а Денчев вели дека по трет пат престојува во Струмица. Дел од романот е напишан во Македонија, во Скопје во 2016 година кога тој престојувал во престолнината на Македонија, а делови се напишани во некои други градови во кои авторот бил на резиденција, како Загреб во Хрватска.

Денчев кажа дека тој се обидува да го доживее градот во кој престојува, од поблиску да го дофати животот на мештаните, во таа смисла и дел од приказната се случува во главниот град на Македонија.

На синоќешната промоција разговорот се водеше отворено, публиката се вклучуваше во него со прашања или констатации, а организатор и водител на вечерта беше Далибор Плечиќ, кој минатиот месец донесе уште една писателка од соседството, Дуња Илиќ.

По Струмица, претстои промоција на македонскиот превод на романот и во Скопје и Куманово. Преведувач на делото на македонски јазик е Душко Крстевски, а е во издание на Издавачката куќа „Антолог“.

Петар Денчев е роден 1986 година во Варна, Бугарија. Дипломирал театарска режија и поставил претстави во најголемите театри во Бугарија. Книжевното деби го прави со раскази и поезија кои веднаш се наградени или номинирани на разни конкурси. Автор е на книги поезија, раскази и романи. Има објавувано во речиси сите бугарски весници и списанија како и во американското „The Litter Box Magazine“ и на хрватскиот сајт „Критична маса“. Преведен е на неколку јазици.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога

Next Post

„Комуналец“ започна со прскање против коров на каналот на улица „Васил Главинов“

Related Posts

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Синоќа двајца млади прилепчани фатени со дрога од струмичката полиција

недела, 13 јули, 2025 | 12:03

ТОП ВЕСТИ

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица
Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist