Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше отворен Новогодишниот базар.
Покрај детската претстава и настапот на Горан Алиќ, вистинска атракција беше и изложбата на олдтајмер автомобили, новогодишно украсени, поставени од членовите на „СР Ретро клубот“, а граѓаните можеа да уживаат и во топлите пијалоци, вкусната храна, најразличните рачни изработки кои се нудеа од петте дрвени куќички специјално поставени за оваа намена на плоштадот.
Новогодишниот базар ќе биде отворен до 30 декември и нуди забава за сечиј вкус со настапи во живо од 16:00 часот, извонредна забава и уживање во „COCA COLA“ караванот.