вторник, 9 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Во Струмица одбележан 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот

среда, 11 октомври, 2023 | 12:15
in Вести, Струмица
Во Струмица одбележан 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот

Денеска Струмица и струмичани на достоинствен начин ја одбележаа 82-годишнината од првите истрели во Прилеп и Куманово, со што започна Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Македонскиот непокор повторно стапи на сцена со единствена цел – слобода на Македонија и македонските граѓани.

„Постојат денови напишани на најсветлите страници од нашата пребогата македонската историја кои оставиле неизбришлива трага во постоењето на татковината, настани кои станале вистинско олицетворение на македонскиот непокор и на борбата да се биде свој на своето, без прифаќање на туѓи влијанија. За таквите датуми заборав нема и не смее да има, затоа што тие сториле рефлексија врз времето кое сите ние и денес заеднички го живееме. Еден од таквите датуми е секако и 11 Октомври, кој го славиме како Ден на востанието или Ден на народното востание на македонскиот народ, но и Ден на борецот. Станува збор за денот кога започнува вооружената борба против фашистичкиот окупатор во таа веќе далечна 1941 година. Тоа значи дека денес одбележуваме и славиме 82 години од тој ден, ден кој е длабоко вкоренет во времепловот и меморијата на македонскиот народ. Ќе славиме и во наредните години, децении и векови, се дури постои ова парче македонска земја и се дури по неа чекорат Македонци, возљубени во својата родна грутка“ – кажа во своето обраќање Танкица Митрева, член на Советот на општина Струмица.

Претставници на Општина Струмица, на Сојузот на борците, на политички партии и здруженија, положија свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата, а свеченоста беше збогатена со настапот на членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

11 Октомври – Денот на македонското востание и Денот на борецот е еден од трите најголеми историски празници, покрај Двата Илиндена и Денот на независноста.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Ново Село, Босилово и Василево

Next Post

Пожарникари – спасители од Противпожарната единица на Струмица учествуваат на меѓународна вежба во Ерменија

Related Posts

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist