Синоќа во ресторанот „Вила Парк“ во Струмица во рамките на „Неделата на италијанската кујна 2023“ се одржа Италијанска вечер „La magia della cucina italiana“ во организација на Здружението „Кво Вадис Ад Астра“ од Струмица, а со поддршка на Амбасадата на Италија во Македонија и Општина Струмица.
Мастер пица шеф, Џовани Маскари кој ја има патентирано иновативната „Суши пица Карбонара“, во овој период тренд во Италија, синоќа во расторанот „Вила Парк“ им ја подготвуваше и на гостите на Италијанската вечер кои ја имаа можноста за прв пат и да ја вкусат.
На Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, на градоначалникот Костадин Костадинов и на Амбасадата на Италија во Македонија, организаторот им додели специјални плакети за континуирана поддршка.
Настанот имаше и хуманитарен карактер преку донирање средства за акцијата на Фондацијата „Елеуса“ – „Топол оброк за сите“.