Утрово од Противпожарната единица на Струмица информираат дека доцна синоќа во 02:15 часот, четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на улицата „Васил Главинов“ во Струмица каде било опожарено патничко моторно возило, кое било во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење. Направена е значителна материјална штета. Причината за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
Во известувањето од ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до местото на пожарот бил отежнат поради паркирани автомобили на пристапните улици и затоа било изгубено драгоцено време за навремена и брза интервенција.