Синоќа околу 2 часот по полноќ во селото Старо Владевци, кај Струмица изгоре автомобил марка „Мерцедес“, информираат од ТППЕ Струмица.
Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четири пожарникари со едно противпожарно возило.
„Во моментот на пристигнувањето пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран“, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.
Направена е значителна материјална штета, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
ФОТО: ТППЕ Струмица