На 15 и 16 август во големиот градски парк во Струмица стартува првото издание на „СФЕСТ 2025“ во организација на Здружението „Мјузик Конектс Пипл“ од Струмица во соработка со „Пасворд Продукција“, а со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Струмица.
„СФЕСТ 2025“ се раѓа како иновативен културен настан во зеленото срце на Струмица, градскиот парк, со цел да поттикне свесни општествени промени преку музика, уметност и младинска креативност. Идејата на фестивалот е враќањето на свеста за култура, музика и уметност преку иновативни идеи со повеќе сцени во градскиот парк и повеќе од 20 артисти со бесплатен влез за сите.
Од Здружението „Мјузик Конектс Пипл“ најавуваат богата разновидна програма со бендови и DJ од регионот, три сцени, базар, уметничка изложба, Панел дискусии на едукативни теми и бургер зона.
Организаторите ги повикуваат сите занаетчии, мали бизниси, локални производители да бидат дел од дводневниот „СФЕСТ“ каде ќе ги изложат своите производи и услуги. Пријавувањето е до 10 август на следниот линк: https://forms.gle/YpsnDmTu1ZSdwwsaA
Организаторите воедно повикуваат и урбани креативци, културни ентузијасти да се придружат на тимот на волонтери и ќе помагаат во организацијата на првиот „СФЕСТ“, а можат да се пријават до 10 август на следниот линк: https://www.facebook.com/sfest.mk