На 24 септември (среда) од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде промовирана новата стихозбирка на Ристо Маџунков, со наслов „Звуци и зраци“, во издание на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.
На промоцијата за поезијата на Ристо Маџунков ќе зборуваат рецензентот Трајче Бјадов и промоторот Ацо Гогов, а свое обраќање кон присутните ќе имаат фолкористот Иван Котев и уредникот во книжевното списание „Современост”, Стефан Марковски.
Стихови од „Звуци и зраци” ќе читаат Гонца Шивачева, Мариета Дукиќ, Павле Стојанов и Ален Нанов, а модератор на настанот ќе биде Ѓорги Калајџиев.
Ристо Маџунков кој зад себе има десетина дела од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада, но редовно престојува по неколку месеци во годината, во родната Струмица и Македонија.
Среда, 24 септември | 19:00 часот | Центар за култура – Струмица