петок, 28 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Во среда – Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ на академик проф. Катица Ќулафкова

понеделник, 3 јуни, 2024 | 12:47
in Вести, НАЈАВА, НАСТАНИ, Струмица
Во среда – Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ на академик проф. Катица Ќулафкова

Во среда, 5 јуни со почеток во 18:00 часот во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ на академик проф. Катица Ќулафкова во организација на Фондација Елеуса. Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров, а настанот музички ќе го збогатат ВИС „Стихири“.

Станува збор за збирка од четири циклуси, како што вели самата Ќулафкова, набожна поезија.

„Поезијата не може да биде „побожна“, но може да има „набожна“ димензија. Во набожната поезија универзалните мотиви се посматраат на непретенциозен и рафиниран личен начин. Таквата поезија искажува верски чувства не само експлицитно, со зборови, туку и преку интонацијата, ритамот. Таквата поезија користи митски слики, алузии, метафори, алегории, реминисценции, симболи. Таквата поезија не глуми, туку востановува извесни состојби на богољубие, ја дивинизира природата и го користи „сакралниот интертекст“ за поетски цели (одломки од светите писма)“, пишува во својот предговор самата авторка.

Катица Ќулавкова (1951) е македонски писател и универзитетски професор по теорија и херменевтика на книжевноста (во пензија). Таа е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 2003 година, член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон). Почесен член е на Францускиот и на Турскиот ПЕН центар.

Има објавено околу сто книги, било како автор (поезија, кратки раскази, есеи, критики и научни студии), или како приредувач, главен редактор или коавтор, во оригинал на македонски јазик или во превод. Нејзини книги поезија се објавени во превод на англиски, француски, италијански, португалски, руски, турски, романски, хрватски, српски, словенечки и други јазици. Објавена е студијата Поетика на лириката на српски, Балкански наративни на бугарски јазик, а на англиски  Conversion and Memory: A Dialogic Narrative Contextualisation of Liminal Identity (essay).

Добитник е на сите позначајни македонски книжевни награди, како и на државните награди за животно дело „11 Октомври“ и за наука „Гоце Делчев“. Добитник е и на награди на Друштвото на писателите на Романија и на Албанскиот ПЕН Центар. 2021 година Француската Влада ѝ го додели високото признание „Офицер во областа на уметноста и книжевноста“.

ShareTweetShare
Previous Post

Со концерт на трио „3-ОС“ од Хрватска отворен „Strumica Classic International Festival 2024“

Next Post

На 11 јуни промоцијата на книгата „Аџилак“ од Ирена Бабамова Стојчева

Related Posts

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран
Вести

Во Струмица наврнало најмногу дожд – биле измерени 50 l/m2

петок, 28 ноември, 2025 | 10:23
Јовче Пандев со концертна промоција на дебитантскиот албум „Деца корнат градина“
Вести

Јовче Пандев со концертна промоција на дебитантскиот албум „Деца корнат градина“

петок, 28 ноември, 2025 | 09:17
„Black Weekend“ во РАЗНОПРОМЕТ АС – Голем викенд попуст овој петок и сабота
Вести

„Black Weekend“ во РАЗНОПРОМЕТ АС – Голем викенд попуст овој петок и сабота

четврток, 27 ноември, 2025 | 20:39
Општина Струмица спроведе 43 вонредни инспекциски надзори за заштита на животната средина и јавната чистота
Вести

Општина Струмица спроведе 43 вонредни инспекциски надзори за заштита на животната средина и јавната чистота

четврток, 27 ноември, 2025 | 13:56
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Тројца приведени во Раклиш, кај 24-годишен струмичанец пронајдена дрога

четврток, 27 ноември, 2025 | 12:18
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Уапсен 48-годишен жител на струмичко село поради напад и обид за насилно нанесување непозната течност во устата

четврток, 27 ноември, 2025 | 11:35

ТОП ВЕСТИ

„Шихан“ од Струмица со 42 медали и признание за еден од најдобрите клубови на „Ippon Open 2025“ во Лесковац
Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist