Во среда, 16 август од 19:00 часот пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи настан за сите љубители на шахот.
Струмичани ќе имаат можност да пружат поддршка и да играат со учесниците на Светското и Европско првенство во шах со кои веќе се прават последите подготовки.
„Ќе ни значи секое присуство и секоја одиграна партија во градењето самодоверба и одбирањето вистински потези! Преку игра да им посакаме среќа и успех, и гордо да ги бранат боите на Струмица и Македонија“, стои во соопштението на организаторите.
Среда, 16 август | 19:00 часот | пред Центар за култура Струмица