среда, 2 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Скопје се одржа Завршна конференција на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ – Струмица дел од овој проект

среда, 25 октомври, 2023 | 16:13
in Вести, Струмица
Во Скопје се одржа Завршна конференција на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ – Струмица дел од овој проект

Денеска во Скопје се одржа Завршна конференција на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ во организација на Евротинк – Центарот за европски стратегии, на која се говореше за значењето на локалните совети за превенција (ЛСП) како механизми за решавање на локалните предизвици во општините.

Проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ се реализирал во периодот од септември 2022 година до октомври 2023 година и опфатил соработка со три општини: Струмица, Гостивар и Кисела Вода, во рамки на која се имплементирале активности за развој и зајакнување на локалните совети за превенција.

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов имаше свое обраќање за работата на Локалниот совет за превенција на општина Струмица во кое потенцираше дека ставањето во функција на Локалниот совет за превенција било најдоброто нешто што можел да го направи за Струмица и струмичани.

„Исклучително сум горд што сум градоначалник на општина чиј Локален совет за превенција стана препознатлива алатка во решавањето и превенирањето на проблемите на граѓаните во локалната заедница, не само во државата, туку и надвор од неа. Токму, успешното функционирање на Локалниот совет за превенција ни го обезбеди и членството во Мрежата на силни градови со што им се придруживме на повеќе од 210 градови и општини ширум светот. Со преземањето на градоначалничката функција си ветив себеси и на моите струмичани дека ќе им служам, а тоа значи дека нема да ги одложувам и игнорирам проблемите со коишто се соочуваат, туку ќе ги решавам, заедно со советниците, општинската администрација и јавните претпријатија. Но, се покажа дека е потребна соработка и со државните институции за да се добијат соодветни и ефикасни решенија на проблемите кои со години не можеа да се решат“ – кажа во своето обраќање градоначалникот Костадинов.

На настанот се дискутираше за меѓуинституционалната соработка во правец на ефективни локални совети за превенција и потенцијалните форми на таа соработка, како и за потребата од воведувањето законска обврска за ЛСП со цел да се гарантира соработка на централно и на локално ниво.

ShareTweetShare
Previous Post

Премиера во Струмица на филмот „М“ – приказна за осамено момче од шумата

Next Post

На 28 октомври во Ново Село – „КОМПИРИЈАДА 2023“

Related Posts

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичанец пронајден мртов на паркинг во Скопје

вторник, 1 јули, 2025 | 17:12
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56
Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Вести

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено

вторник, 1 јули, 2025 | 15:35
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана

вторник, 1 јули, 2025 | 11:21
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23

ТОП ВЕСТИ

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist