Во среда, 15 мај во Спортската сала на СОУ „Никола Карев“ во Струмица ќе се одржи Државно првенство во кошарка 3х3 Баскет за средни училишта во машка и женска конкуренција.
Во Струмица ќе се натпреваруваат победничките екипи од регионите во Македонија. Во машка конкуренција екипите на СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола, СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, СОУ „Никола Карев“ од Скопје и домаќинот СОУ „Јане Сандански“ од Струмица. Во женска конкуренција екипите на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, СОУ „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Јане Сандански“ од Штип.
Свеченото отворање утре е во 10:30 часот, а првиот натпревар е во 11:00 часот.