Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги информираат граѓаните дека на Бадник, (сабота, 6 јануари), Градскиот пазар и Трговскиот центар „Глобал“ ќе бидат отворени. Во недела и понеделник нема да работат, освен во понеделник (8 јануари) ќе биде отворен пазарот на големо – Кванташки пазар.