Рано утрово околу 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода Ј.Р.(38) од Свети Николе, затоа што се однесувала агресивно и се заканувала на И.Т.К.(29) од Скопје и на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Струмица.
Таа била задржана во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.