Денеска во селото Радичево, општина Василево се асфалтираше улицата која води кон црквата „Св. Илија“. Овој проект општина Василево го реализраше во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од чија страна беше обезбеден Буџетот и спроведена комплетната тендерска постапка за избор на компанија изведувач на градежните работи на терен.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев го следеа текот на денешните активности.
Улицата е во должина од 327 метри и ширина од околу 3 метри. Заштитата од атмосферските води е решена со риголи. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 2.196.616 денари. Изведувач на работите на тертен е градежната компанија „Бони Интерградба“.