Во пресрет на утрешниот Светски ден на здравјето, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, во рамките на предизборните активности за Претседателските избори во центарот на Струмица организираше пункт за здравствени консултации, каде голем број струмичани од здравствени работници добија совети за своето здравје, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
„Нема поголемо богатство од нашето здравје и здравјето на нашите блиски. Приоритет на секој доктор е здравјето на пациентите и на граѓаните. Денеска во пресрет на Благовец, денот на македонските лекари, излеговме да се сретнеме со граѓаните на Струмица, да им порачаме и да ги охрабриме да водат континуирана грижа за своето здравје. Во деновите коишто доаѓаат ќе го поставиме нашето општество на здрави темели. Сопствените политики треба да бидат пред се, независно дали сме членки на НАТО, независно дали ќе станеме членка на Европската унија, здравствените политики треба да имаат приоритет, а граѓаните треба да добијат и да имаат континуирана, квалитетна и навремена здравствена заштита“, кажа д-р Јадранка Поцкова.
Здравствениот пункт го посетија и разговараа со граѓани и кандидатите за пратеници од 4-та Изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, коносителот на пратеничката листа, Антонио Милошески, Ели Панова, Жан Дрвошанов и Јадранка Поцкова.