Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека екипи на Одделениjaта „Комунална хигиена“ и „Одржување и управување со градските гробишта“ деновиве реализираат акција за генерално машинско и рачно чистење на Градските гробишта во Струмица.
„Покрај редовното одржување на Градските гробишта пред секој верски празник правиме и генерално машинско и рачно чистење во гробиштата“, валат од комуналното претпријатие, апелирајќи до граѓаните за совесно користење на урбаната опрема и фрлењето отпад да го прават исклучиво во кантите.
„Да ја чуваме и одржуваме природата и урбаната опрема која ја користиме, да дадеме сите доприност за поубаво, уредено опкружување“, стои во апелот на ЈПКД „Комуналец“.