петок, 21 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Во пресрет на локалните избори Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја создава својата програма – најави Петар Јанков

вторник, 6 мај, 2025 | 15:43
in Вести, Струмица

Во пресрет на локалните избори Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја создава својата програма, кажа на денешната прес конференција потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Петар Јанков.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Имам чест, како координатор на комисиите и стручните тела на комитетот активно да работам на програмските документи. Особено задоволство ни претставува соработката со нашите сограѓани од кои добиваме информации за проблемите, а посебно кога слушаме предлог решенија за локални и комунални проблеми.

Комисиите на Општинскиот комитет имаат задача да ги откријат сите конкретни проблеми и да го следат остварувањето на ветените програми.

Покрај 20-годишното задржување на СДСМ на локална власт во Струмица не се решени многу проблеми. Според кои, за жал, општината е прочуена.

Загаденоста на воздухот, проблемот со водата за пиење, дивоградбите, запуштена инфраструктура како и поплавите на „Младинска“, „Ленинова“, Куклиш и Дабиле. СДСМ не можеше да ги реши 20 години. За многу кратко време во јавноста ќе зборуваме не само за проблеми, туку и за конкретни предлог решенија.

Во ова обраќање би сакал да го свртам вниманието на струмичката јавност кон проблемот со водата за пиење.

Познато е дека минатата година имавме проблем со питкоста на водата од струмичкиот водовод. Прашањето е: Дали со доаѓањето на пролетта и летниот период струмичани ќе се најдат на предизвик да пијат вода која не е доволно здрава или квалитетна.

За таа цел ние го прифаќаме предлогот од наши сограѓани откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја  преземе локалната самоуправа да ја акредитира лабараторија на струмичкиот водовод. Граѓаните, во секој момент, да имат увид во квалитетот на водата што се пие.

Наскоро ќе дојдат изборите, веќе е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и во Струмица. Одговорност, промени и решенија набрзо следуват.

ShareTweetShare
Previous Post

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се сретна со членството во Струмица во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“

Next Post

Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела

Related Posts

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица
Вести

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица

петок, 21 ноември, 2025 | 11:38
Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist