Од ЈПКД „Комуналец“ утрово информираат дека е настанат дефект на водоводната мрежа на дел од улицата „Крушевска Република“ во градот Струмица. Во моментот без водоснабдување се корисниците на оваа улица, односно од „Климент Охридски“ до „Младинска“. Екипи на јавното комунално претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 14:00 часот.