Во понеделник, 14 јули од 20:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, Здружението „Здрава котлина“ најавува Протестен марш за живот…
Гори депонија, горат животите на нашите деца! Болести, рак, смрт – додека градоначалниците молчат и дозволуваат!
Секој ден го дишеме отровот од депонијата што се пали и која вие ја оставате да гори! Секој ден горат диви депонии а граѓаните сведочат за присуство на непознати лица и транспортни возила.
Нашата котлина не е ваша пепелница! Нашите животи не се отпад!
- Доста е од лаги и игнорирање!
- Доста е од смрдеа, рак и тивко труење!
- Доста е од префрлање на надлежности и одговорности!
- Доста е од купена пасивност на сите државни инстиуции!
- Доста е од “бизнисмени” што контролираат институции!
- Доста е од “домаќинствата загадуваат” приказни!
Како стигнавме до овој АПСУРДИСТАН?
- Четири општини, еден проблем, нула решенија.
- Нула уапсени, осудени, казнети!
- Струмички фирми што “рециклираат” отпаден метал а не ги знаеме!
- Каде ви се фабриките и каде наоѓате толку многу метал во Струмица?
- Како тогаш секоја година имате милионски приходи од отпаден метал?
- Колку метал е потребно да “рециклирате” за да се има над 7 милиони евра приход?
- Што мајка бара отпад од голема кавадаречка фирма да се носи во депонијата Шапкар?
- Има ли во МВР бизнисмени со отпаден метал?
- Целиот државен апарат ли не смее да реагира за да ги заштити граѓаните?
- Излези и бори се! Ако молчиме – умираме!
- Има ли народ да се спротистави?
- Колку време треба да се чека?
- Ќе излезете ли на улица?
СТРУМИЦА, ВАСИЛЕВО, БОСИЛОВО, НОВО СЕЛО – СТАНЕТЕ ЗА ДА ДИШЕМЕ!