Слобода Мичаловиќ и Иван Босиљчиќ во филмот „Јорговани“, во понеделник, 30 септември во 20:00 часот ќе се прикажува во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Слобода Мичаловиќ и Иван Босиљчиќ долги години се омилен пар од малите екрани. Ги обожаваа како госпоѓица Анѓелка и згодниот авијатичар во серијата „Ранетиот орел“, а потоа глумеа љубовен пар во серијата „Непобедливо срце“.
Иван Босиљчиќ и Слобода Миќаловиќ се дефинитивно еден од најпопуларните српски филмски парови, па со својата најнова соработка во филмот „Јорговани“ израдуваа многумина.
Во „Јорговани“ тие глумат заљубен пар, чии емоции остануваат во сенка на уметничката суета и колегијална љубомора. Покрај Слобода и Иван, во новиот филм „Јорговани“ ќе ги видиме и Гордан Кичиќ, Милутин Мима Караџиќ, Исидора Јанковиќ, Јана Бјелица, Небојша Дугалиќ, Павел Чемерикиќ, Јован Јовановиќ, Вахид Џанковиќ и Ненад.
Билет – 200 денари на билетарницата од 08:00 до 15:00 часот.