Лидерот во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, ОК „Струмица жени“, ја почна битката за шампионскиот наслов.
Во струмичката полуфинална плеј-оф пресметка која почна вечерва, „Струмица жени“ со убедлива победа од 3:0 во сетови (25:16, 25:13, 26:24), над „Наковски Волеј“ ја поведе серијата со 1:0.
ОК „Наковски Волеј“ кој регуларниот дел од сезоната го заврши на 4-то место, нема лесно да се предаде во овој полуфинален дуел со градските ривалки, па својата шанса ќе ја чека на вториот натпревар.