И годинава Општина Ново Село ја организираше манифестација „Компиријада“, втора по ред, а се одржа денеска на пазарот во Ново Село, под покровителство на Министерството за земјоделство.
Целта на ова манифестација е промоција на најдобриот компир од атарите на селата на ова општина, кој се смета за еден од најквалитетните во Македонија.
Освен промоција на највкусниот компир, на манифестацијата беа промовирани и специјалитети во кои најповеќе е застапен компирот, а имаше и традиционални домашни јадења.
Меѓу повеќето гости на манифестацијата беа и градоначалниците од струмичкиот регин, а во културно-забавната програма настапија членовите на КУД „Јане Сандански“ и музичката група „Легато Бенд“.