Утрово во општина Ново Село повторно е ставена во функција Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека пак во општина Босилово е отворена Подрачна канцеларија.
„Како што ветив, го ставаме Министерството и неговите вработени во служба на земјоделците, институциите поблиску до граѓаните. Овие ПЕ и ПК на МЗШВ во општина Ново Село и општина Босилово ќе значи побрз и поедноставен начин за поднесување апликации, регистрации и информирање на земјоделците од овие две општини. Ги олеснуваме процесите и постапките за македонските земјоделци бидејќи тие единствено треба да бидат фокусирани на производството“ – кажа министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски упатувајќи благодарност до градоначалниците Ѓорѓе Божинов и Ристо Манчев за нивната соработка и обезбедените простории во склоп на општинските згради.