Ќе се играат традиционални македонски ора, ќе се пеат песни. Културно-уметничкото друштво „Браќа Минкови“ од Куклиш, кое опстојува повеќе од 50 години, на 22 декември, недела од 18:00 часот во Спортската сала во Куклиш ќе одржи Годишен концерт.
90-тина играорци од различни возрасти поделени во четири групи се подготвуваат за годишниот концерт. Ќе се играат кореографиите „Калајџиско“, „Повардарие“, „Водарки“, „Малешевка“… Ќе имаат и свои гости на концертот. Ќе засвират и запеат членовите на групата „Стакато“, Игор Ангелов, Јане Крстев, Јосиф Христов, Зоран Митушев и други инструменталисти и солисти.
Недела, 22 декември | 18:00 часот | Спортска сала – Куклиш