среда, 21 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Кочани продавале „молитви во тегли“ користејки го името на Епископот Стобиски г. Јаков – соопштение од канцеларијата на Струмичката Православна Епархија

вторник, 20 мај, 2025 | 22:21
in Вести, Струмица
Во Кочани продавале „молитви во тегли“ користејки го името на Епископот Стобиски г. Јаков – соопштение од канцеларијата на Струмичката Православна Епархија

Измамничка шема на профилот на БИБЛИСКА МАКЕДОНИЈА

„Нема ништо сокриено, што не ќе се открие; ниту тајно, што не ќе се узнае!“ Лука 12, 2

Со чувство на голема тага и огорченост го пишуваме ова соопштение за јавност со кое сакаме да ги информираме и предупредиме верниците за појавата на измамничка шема преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги користејќи го името и авторитетот на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

Имено, до нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити.

Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство.

Сочувствуваме со болката, разбирајќи ја љубовта и довербата коишто луѓето ја чувствуваат кон Епископот г. Јаков, па недвосмислено стоејќи зад неговиот авторитет станале жртва на оваа грозоморна измама. Грозоморна, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените. Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско!

Бескруполозноста на овој чин оди дотаму што ладнокрвно, на Вибер каналот на профилот Библиска Македонија, промовирале и продажба на книга која наводоно е со благослов на Владиката, без да прецизираат за кој Владика станува збор, повторно доведувајќи ги во заблуда оштетените.

Ниту Митрополитот Струмички г. Наум, ниту неговиот викарен Епископ г. Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга. Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн, верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците.

Истовремено, Библиска Македонија ја плете оваа арамиска мрежа, перфидно наведувајќи ги луѓето дека со купување на книгите учествуваат во „Кујната што поделува топол оброк секојдневно“, несомнено алудирајќи на најголемата хуманитарна акција „Топол оброк за сите“.

За оваа измама, Струмичката православна епархија веќе го информираше СВР Струмица и очекуваме брзо откривање на измамниците и нивна одговорност согласно законите и елиминирање на оваа измамничка мрежа.

Ги повикуваме и охрабруваме сите измамени лица кои биле жртви на овој криминал спроведен преку социјалните канали на Библиска Македонија, да пријават во најблиската Полициска станица, приложувајќи ги сите докази со кои располагаат.

Знаејќи дека овој свет во зло лежи, и секогаш ќе изнедрува луѓе кои што ќе го избираат злото како свој начин на живот и постоење, упатуваме апел до верниците, во иднина да не наседнуваат на вакви криминални стратегии, а за секоја нивна намера да учествуваат во одредени акции кои се шират на социјалните мрежи, а поврзани со Црквата, да ја проверуваат во својата епархија, или кај својот парохиски свештеник.

Потенцираме дека официјалната веб страна на МПЦ ОА – Струмичка епархија http://mpc.org.mk/MPC/SE/vesti.asp како порталот и Фејсбук и Инстаграм страна и веб страната на Тивериопол.мк https://www.tiveriopol.mk/ се вистинските релевантни извори каде што се пласираат информациите за активностите на надлежниот владика и неговиот викарен епископ, како и за различни активности поврзани со работата на Струмичката Православна Епархија.

Оттаму секое повикување на нивниот црковен авторитет на други социјални медиуми, страни и промоција на било какви акции или кампањи, верниците и граѓаните да го земаат со резерва и со претпазливост и опасност од потенцијална измама.

Изразуваме длабоко разочарување што луѓето од Бибилиска Македонија го злоупотребија словото на епископот Јаков, односно словото на Црквата, и наместо сите заедно да пребиваме во радоста на Воскреснатиот Христос, за жал во овие денови на Воскресението сведоци сме на оваа нечовечност и бескрупулозност.

„А тие ја дебнат сопствената крв, поставуваат заседа за своите души. Такви се патиштата на сите лакоми за пари, на завладеаните од нив им го одзема животот“ – стои во соопштението на Струмичката Православна Епархија.

ShareTweetShare
Previous Post

„Струмица интернационал класик фестивал“ прераснува во традиционален – струмичани ќе уживаат во камерната музика од 2 до 10 јуни

Related Posts

„Струмица интернационал класик фестивал“ прераснува во традиционален – струмичани ќе уживаат во камерната музика од 2 до 10 јуни
Вести

„Струмица интернационал класик фестивал“ прераснува во традиционален – струмичани ќе уживаат во камерната музика од 2 до 10 јуни

вторник, 20 мај, 2025 | 19:01
Со спасувачка вежба струмичките пожарникари го одбележаа 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
Вести

Со спасувачка вежба струмичките пожарникари го одбележаа 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

вторник, 20 мај, 2025 | 18:08
На иницијатива на пратеникот Миле Цеков, пратеничката група на ЗНАМ поднесе предлог за измена на Закон за ДДВ, со кој се зголемува прагот за замјоделците за стекнување статус на ДДВ обврзник
Вести

На иницијатива на пратеникот Миле Цеков, пратеничката група на ЗНАМ поднесе предлог за измена на Закон за ДДВ, со кој се зголемува прагот за замјоделците за стекнување статус на ДДВ обврзник

вторник, 20 мај, 2025 | 17:45
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица

вторник, 20 мај, 2025 | 13:21
Поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров промовирана во Италија – ја објави „Крочети Едиторе“ на италијански јазик
Вести

Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“

вторник, 20 мај, 2025 | 10:04
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“

вторник, 20 мај, 2025 | 08:51

ТОП ВЕСТИ

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица
Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“
Католичката катедрала во Струмица слави 100 години од основањето – промовирана и Монографија

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“
Во сабота пазарите нема да работат поради празникот
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist