Актерката Танкица Стојанова, како режисер на претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети за вторник 26 август од 20:00 часот ја најавува премиерната изведба на претставата. Парите од продажбата на билетите ќе бидат донирани за нашата мала сограѓанка, 9-годишната Тијана на која и е потребна помош за да продолжи нејзиното лекување.
Резервирајте си билети на: 078 202 140, а во продажба се во кафе барот „Вторник – Крафт Бар“ кој се наоѓа на старата чаршија во Струмица.
Вторник, 26 август | 20:00 часот | Центар за култура – Струмица