недела, 6 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Вељуса промовирана нова книга која автентично ја пренесува речиси илјадагодишната историја на струмичкиот манастир

четврток, 26 октомври, 2023 | 18:39
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Во Вељуса промовирана нова книга која автентично ја пренесува речиси илјадагодишната историја на струмичкиот манастир

Сместен на падините на Еленица, северозападно од Струмица, Вељушкиот манастир ги храни духовните потреби на верниците речиси цел милениум. Овој православен христијански храм е основан во 1080 година, а извори чија содржина е зачувана до наше време сведочат за неговата богата историја.

„На оние што се нафатиле на некакво добро и богоугодно дело, не само што не треба да им се попречува и пресекува стремежот кон доброто, туку треба, по можност, да се поткрепуваат, да им се помага во усилбите и да се засилува нивната ревност. А ако она што се прави Му е посветено на Бога, со сосема ново устројство и врз новосоздадени темели, тогаш уште поприлично е сета грижа да се насочи кон таа работа, за да не се занемари и да не биде забавена со текот на времето… за да не пропадне и да не се врати повторно во старото и првобитно непостоење“, вака започнува хрисовулот на византискиот цар Алексиј I Комнин од 1085 година, во кој царот му подарува самогосподство, самоуправа и самовласност на Вељушкиот манастир, кој тој години подоцна и лично го посетил.

Во дворот на манастирот денеска беше промовирана книгата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“, која на македонските читатели им ја пренесува токму таа писмена оставина. Уредник на изданието е Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, предговорот на книгата е во авторство на викарниот епископ Јаков Стобиски, а преводот на оригиналните текстови од византиски грчки на македонски е на Војислав Саракински и Атанасиј Арсоски. Издавач на книгата е Општина Струмица.

„Знаејќи дека осумдесеттите години на минатиот век професорот Миљковиќ-Пепек објави една поголема монографија за Манастирот Вељуса, но претежно насочена кон историско-уметничките вредности на самиот манастир, овојпат се одлучивме малку да поговориме и да се задржиме на најсуштествените работи од историјата на Манастирот Вељуса, а тоа се историските извори, историските документи и сѐ она што се подразбира под таа стара, автентична архива на Манастирот Вељуса, која, морам да кажам дека е единствена која еден наш манастир од средниот век или доцниот среден век ја поседува. Тоа е она што Манастирот Вељуса го чини единствен и затоа нашата цел беше на овој начин да ги афирмираме можеби веќе подзаборавените документи од таа архива“, рече академикот Цветковски при неговото обраќање на промоцијата на книгата.

Преводот на изворите од византиски грчки првично го направил историчарот и класичар, универзитетскиот професор Војислав Саракински, а отец Атанасиј Арсоски со неговото длабоко познавање на овој јазик придонел за пренесување на автентичниот дух на изворите. Инаку, оригиналите и денес се чуваат во ризницата на манастирот Ивирон на Света Гора, чиј метох бил Вељушкиот манастир. Уредникот на изданието Цветковски на промоцијата рече дека претходно се сметало дека архивата за Вељуса во Ивирон е изгубена, но во 1990-тите била пронајдена, па научниците можат да пристапат кон истражување на овие вековни документи, меѓу кои се хрисовули, повелби на византиските цареви од династијата Комнени, како и можеби највредниот документ, типикот на Вељушкиот манастир, за кој Цветковски подвлече дека е единствениот средновековен типик на наш манастир кој е автентично зачуван до наши дни.

Во неговото обраќање на промоцијата, Цветковски предложи во Вељушкиот манастир да се обнови една традиција од времето на монахот Мануил, посведочена во типикот, а тоа е секоја година на 21, 22 и 23 ноември да се чита вељушкиот типик. „Една убава традиција да се воспостави во манастирот и на еден свечен, литургиски начин тоа да се продолжи“, рече тој.

Викарниот епископ Јаков Стобиски зборуваше за двата ктиторски натписи врз мермерните надвратници на манастирската црква, изработени во годината на основањето на овој храм, кои сведочат за преданоста со која монахот Мануил ги поставил темелите на струмичкиот манастир посветен на Пресвета Богородица – Елеуса.

„И еве, драги браќа и сестри, после повеќе од илјада години ние сме сведоци дека пресветата мајка Божја го примила овој дар, скромен, од рацете на епископ Мануил, и еве, после толку време сведочиме дека нејзиното мајчинство, застапништво и закрила не прекинува до ден денес и за ова свето место, но и за оние коишто се подвизуваат и живеат овде“, рече викарниот епископ.

На промоцијата се обрати и академикот Ѓорги Поп-Атанасов, редовен член на МАНУ, кој како проучувач на стари ракописи се задржа на ракописите кои манастирот ги поседувал, посведочени во пописот на манастирскиот инвентар од 1164 година. Тоа се 68 црковни книги чија судбина е непозната. Тој образложи свои претпоставки дека некои од овие ракописи, доколку се зачувани, можеби денес се наоѓаат во архиви во Бугарија и Русија, и притоа ги поттикна авторите на оваа монографија да продолжат да трагаат по наследството на Вељушкиот манастир. Тој исто така предложи зачуваното наследство на струмичкиот манастир да биде дигитализирано.

„Ако оваа екипа што го направи, го создаде ова вредно издание, ако продолжи со работа, би било добро да се направат напори да се пронајдат некои од тие ракописи коишто биле сопственост на манастирот, да се направат дигитални копии од ракописите, да се направи една дигитална институција на црковното книжевно наследство што се чува во овој наш свет манастир“, рече академикот Поп-Атанасов.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов истакна дека Струмица и струмичани се пример како се чува и негува културното наследство и духовното богатство и рече дека поддршката на општината за публикување на монографијата е придонес кон конзервирањето на знаењето за Вељушкиот манастир, наш духовен бисер и ризница. /К.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица одбележан Европскиот ден на соработка Интгеррег 2023

Next Post

Опозицијата во Струмица реагира за непочитување на процедурата за донесување Генерален урбанистички план

Related Posts

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Вести

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

сабота, 5 јули, 2025 | 12:10
На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата интервенирала по случена сообраќајка во Струмица и нашла марихуана во автомобилот

петок, 4 јули, 2025 | 14:22
Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица
Вести

Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица

петок, 4 јули, 2025 | 13:43
Ели Панова: Во текот на оваа година успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи
Вести

Ели Панова: Во текот на оваа година успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи

петок, 4 јули, 2025 | 07:43

ТОП ВЕСТИ

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist