Синоќа во 23:20 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишиле од слобода двајца малолетници од Струмица на возраст од 17 и 14 години, соопштија од СВР Струмица.
Според соопштението, во 23:30 часот на место викано „Монополот“ во Валандово, полициски службеници запреле патничко возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки, кое претходно во полициската станица Струмица било пријавено за одземено, а било управувано од 17-годишниот малолетник, а сопатник бил 14-годишникот. Во полициската станица Валандово бил извршен разговор со лицата во присуство на вработен од Центар за социјални работи Валандово, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. Возилото е одземено и ќе биде вратено на сопственикот.