По повод празникот Воскресение Христово, катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, синоќа служеше Воскресна света Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.
Велигденското бдение започна со благослов на огнот пред Катедралата црква и внесување на воскресната свеќа во неа.
Честитајќи им го празникот Воскресение Христово на сите верници, отец Спасо Ристов врз основа на преданието на Црквата размислуваше со верниот народ за таинството на Воскресението Христово и додаде дека на овој ден Црквата принесува пофални песни, бидеќи го слави спасението. Тој истакна дека меѓу нас е Христос кој воскресна од мртвите и се застапува за нас и нѐ води во заедништво со Бога.
За време на Воскресната Литургија пееше Катедралниот хор предводен од сестра Тереза Стојкова.