СВР Струмица информира дека вчера околу 15:00 часот на регионален пат Струмица – Валандово, Ш.Џ.(63) од Струмица, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, излетал надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во струмичката болница, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.