Денеска во 09:50 часот полицијата регистрирала 48-годишен струмичанец како управува автомобил марка „Голф“ со струмички регистарски ознаки со 2,34 промили алкохол во крвта.
Како што соопштија од СВР Струмица, пијаниот возач бил запрен на регионалниот пат Струмица – Банско, во селото Куклиш. По извршената контрола со алкомер „Дрегер“ било утврдено дека автомобилот го управува со количина за неколку пати поголема од дозволената, односно со 2,34 промили алкохол во крвта. Возачот бил исклучен од сообраќај, а констатираниот прекршок бил соодветно санкциониран.