Во раните утреински часови, односно околу 4 часот на регионалниот пат Валандово – Дојран, на местото познато како „Дојранска раскрсница“, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишија од слобода 46-годишен маж од село Смолари, струмичко.
Како што информираат од полицијата, при сообраќајна контрола било запрено патничко возило марка „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лицето А.Т. По извршената контрола со алкотест, било утврдено дека возачот управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.





























