Синоќа околу 20:00 часот на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „Фолксваген туарег“ изгубил контрола на возилото и удрил во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова во моментот на незгодата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.