Врнежите од дожд кои во текот на вчерашниот ден го зафатија регионот, утринава создадоа проблеми со одрони на одредени делници од регионалниот пат Струмица – Берово.
Надлежните од подружницата на „Македонија пат“ информираат дека нивни екипи ја скенирале состојбата и работат на нивно расчистување. Оттаму, апелираат за почитување на сообраќајната сигнализација и за намалување на брзината, особено на местата со кривини.