ВМРО-ДПМНЕ утре (вторник, 30 април) од 20:30 часот ќе одржи Митинг во Струмица на влезот во големиот градски парк, пред Споменикот на Револуцијата.
Во денешното обраќање, кандидатот за пратеник и шеф на Изборниот штаб на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов јавно ги поканува струмичани да присуствуваат на митингот.
Дрвошанов порачува дека струмичани се собираат, мобилизираат за голема победа на денот на изборите – 8 мај.