четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Министерот за труд и социјална политика откри дека под сомнеж се ставени 70 случаи на корисници на социјална помош од Струмица

понеделник, 18 март, 2024 | 16:02
in Вести, Струмица
ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Министерот за труд и социјална политика откри дека под сомнеж се ставени 70 случаи на корисници на социјална помош од Струмица

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица соопштение до медиумите со информација дека министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски открил и под сомнеж се ставени 70 случаи на корисници на социјална помош од Струмица.

„Секој ден се откриват нови скандали и криминал кои не само што ќе доведат до политичка одговорност на претстојните избори, туку јасно ќе покажат на кој начин веќе не смее да се води нашата држава.

Денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски откри дека под сомнеж и дополнителна контрола, меѓу другите, се ставени 70 случаи на корисници на социјална помош од Струмица.

Се работи за злоупотреба на најранливите категории сограѓани, пари кои нашата веќе сиромашна држава ги издвојува за оние на кои овие средства им се најпотребни.

Вонредниот надзорот и инспекциите над овие и други над 2200 случаи во целата држава треба да покажат дали некои од корисниците неоправдано ги примиле овие пари.

Станува збор за корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство.

При вкрстување на базите на податоци, месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило. Службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства. Постои сомнеж дека се предизвикала милионска штета на буџетот на Министерството.

ВМРО- ДПМНЕ покрај политичката одговорност се залага ваквото однесување да значи комплетна кривична и материјална одговорност“ – пишува во денешното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Објавени најдобрите маски на „Струмички карневал 2024“

Next Post

ФОТО: „Комуналци“ направија генералка на плоштадот и струмичкото корзо по карневалската фешта

Related Posts

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist