Синоќа Караванот на кампањата што ја реализира ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Претседателските избори во Струмица, оствари средби со граѓаните во Градско Балдовци и Дабиле.
„На средбите се зборува за проблемите со кои се соочија граѓаните на Македонија под водството на СДСМ во изминативе години. Граѓаните ја изразуваат разочараноста од состојбата во повеќе области на живеење. Но, ги изразуваат надежта и очекувањата од промените што следуват на изборите и победата на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
За вечерва (понеделник) најавата дека ќе се одржи средба со граѓани пред градинката кај Општа Болница во Струмица (паркче), од 20:30 часот.