сабота, 5 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село

сабота, 20 април, 2024 | 09:14
in Вести, ИЗБОРИ 2024
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село
ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село

Во рамките на преизборната кампања за Претседателски и Парламентарни избори 2024, синоќа ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Ново Село.

На митингот се обратија кандидатите за пратеници д-р Петар Марков, Антонијо Милошоски и носителот на листата за пратеници во Изборната единица 4, Александар Николоски.

Пред бројниот народ, жители на Ново Село, кандидатот за пратеник од оваа општина, д-р Петар Марков кажа:

„СДСМ ги втурна сопствените луѓе во многу тешка ситуација заради спас и богатење на десетина луѓе. Не испушти да отвори фронт кој им се укажа да го отворат. Ете да речеме дека е природно да постои остра реторика со ВМРО-ДПМНЕ или со било која политичка партија; но, со цела памет арогантното раководство на СДСМ влезе во отворена пресметка со Црквата. И сето тоа заради фактот што Црквата застана на браникот на семејствата и нашите деца од родовите политики на Јована Тренчевска кандидатка од СДСМ“, кажа Марков.

На митингот пред присутните се обратија пратеникот Антонијо Милошоски и носителот на кандидатската листа за пратеници, Александар Николоски.

„Во изминативе 24 часа поминати од одржаниот централен митинг во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ не слушна демант од СДСМ за информацијата дека се спремни да им отстапат на ДУИ дури 70 проценти од позициите во државата се со цел некако да се задржат на власт. Спремни се заради криминалот да направат многу отстапки пред албанските партии“, кажа Александар Николоски.

Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ со оглед на бројноста на македонскиот народ во државата, како македонска партија дејствува разумно дека нема да се изгради здрава национална политика без поширок национален консензус за клучни прашања. И затоа презеде чекор за предлог до одредени партии за градење на национално единство. Со СДСМ таков консензус не е возможен, но предложено е до други партии од опозициониот блок. Но, ваквиот добар потег од ВМРО-ДПМНЕ иако е логички и добронамерен останува неразбран. Николовски заклучи дека е јасно дека политички субјекти во опозициониот кампус како Левица работат поврзано со актуелната власт на СДСМ и ДУИ со цел да одземат гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

Говорејќи за противкандидатот од СДСМ, Венко Филипче, Николоски се осврна на скапата кампања која ја има СДСМ. Видео спот на СДСМ со возило чија цена е еквивалент на сума која не се заработува ниту со пратеничка ниту со министерска плата. Скапата кампања на СДСМ се одвива на сметка на народот.

Во врска со појавувањето на поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев во ново видео, заради поддршка на СДСМ во кампањата, носителот Александар Николоски му порача:

„Зоране, ние на Локалните избори те прегазивме и после тоа те испративме во пензија, заврши твоето, доста е“ – кажа Николоски.

ShareTweetShare
Previous Post

Струмички Народен театар одбележа голем јубилеј – 75 години постоење

Next Post

Филипче: Љубовта кон моторите и автомобилите ми е од средношколски денови

Related Posts

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Вести

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

сабота, 5 јули, 2025 | 12:10
На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата интервенирала по случена сообраќајка во Струмица и нашла марихуана во автомобилот

петок, 4 јули, 2025 | 14:22
Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица
Вести

Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица

петок, 4 јули, 2025 | 13:43
Ели Панова: Во текот на оваа година успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи
Вести

Ели Панова: Во текот на оваа година успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи

петок, 4 јули, 2025 | 07:43

ТОП ВЕСТИ

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist