недела, 9 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

ВМРО-ДПМНЕ отвори Регионален Изборен штаб во Струмица

вторник, 9 април, 2024 | 10:04
in Вести, ИЗБОРИ 2024, Струмица
ВМРО-ДПМНЕ отвори Регионален Изборен штаб во Струмица

Синоќа во центарот на Струмица, ВМРО-ДПМНЕ отвори Регионален Изборен штаб на 4-та Изборна единица од каде ќе се организира кампањата за Претседателските и Парламентарните избори во оваа изборна единица. Штабот се наоѓа на првиот кат од објектот на хотелот „Есперанто“, на местото на поранешниот кафе бар „Gossip“.

„Не очекува многу важен период во кој треба да бидеме сите максимално ангажирани, мотивирани, единствени за да двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ ја направиме што поголема и поубедлива. ВМРО-ДПМНЕ на претстојните Претседателски и Парламентарни избори ќе настапи со одличен кандидат за претседател на Република Македонија, тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со квалитетни лица на пратеничките листи со реална, квалитетна програма, платформата #1198“ – кажа Жан Дрвошанов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и кандидат за пратеник.

Пред народот, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, граѓани на Струмица и регионот се обратија носителот на 4-та Изборна единица и потпретседател на партијата, Александар Николоски, членот на Извршниот комитет и коносител на листата, Антонио Милошески и кандидатот за пратеник, Петар Марков од Ново Село.

„Народот нема кратка меморија и многу убаво се сеќава дека најголемите афери во здравството, најголемиот криминал во здравството се случи токму во мандатот на Венко Филипче. И јас искрено мислев дека ќе избега од политиката и ќе моли Господ да се заборави, да помине време некако да се „шмукне“ и да не одговара и на тој начин да се спаси. Ама не, тој реши да се врати во политиката“ – кажа Александар Николоски поставувајќи му неколку прашања на противкандидатот од СДСМ, Венко Филипче.

„Како е неговата улога и мислење за 14-те луѓе коишто живи изгореа во модуларната болница во Тетово? Како тоа стерелизацијата во сите здравствени установи во Македонија на јавно-приватно партнерство се даде на фирма од Албанија? Како Македонија последна доби вакцини и дали е тоа поврзано со фирмата „Сабри“ којашто беше регистрирана во Хонг Конг за трговија со банани и друго јужноамериканско овошје и од којашто провизиите стигнаа, ама вакцините не стигнаа? Каква е неговата улога врз притисокот на сопственикот на една приватна болница да истата ја продаде на „Клодијан Алајбеу“ од Албанија? Каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот „Онкологија“ кадешто на болни од рак не им се давале терапија со цел некој да става пари во џеб? Дали не го гриже сосвест што Македонија по смртност, по црна статистика во време на коронакризата, кога секој ден држеше прес конференции и само на личен рејтинг работеше, е 5-та во светот?“ – го праша Николоски на Филипче.

„Бидете свесни дека вашиот глас многу ќе значи за тоа да формираме стабилна Влада без ДУИ и стабилна Влада на ВМРО-ДПМНЕ којашто Македонија ќе ја извади на правиот пат. Затоа секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за стабилна, развиена Македонија којашто ќе оди по вистинскиот пат“ – кажа Антонио Милошески, член на Извршниот комитет и кандидат за пратеник.

„Оној којшто решил да го стави името на Јована Тренчевска на пратеничка листа во Струмица значи дека е против учениците, дека е против родителите и дека е против семејството“ – кажа Петар Марков остро напаѓајќи ги носителот и коносителот на листата на СДСМ во „четворката“, Венко Филипче и Јована Тренчевска.

„Гледам некои од најтврдокорните активисти, сакаат да направат, да изградат некој мит од името на Венко Филипче, демек он многу се грижел за пациентите, он помагал на луѓето да дојдат до третман. Ако постои една единствена задача којашто ја има министер за здравство, не да ја користи неговата моќ на позиција којашто му е дадена за да фаќа врски за операции и прегледи на пациентите. Министерот за здравство треба да направи здравствениот систем во Македонија да функционира, да не мора пациентите да вртат телефони, да носат кафиња за да можат да го добијат нивниот посакуван третман“ – кажа Марков.

Од отворањето на Регионалниот изборен штаб беше испратена и поканата до сите граѓани за присуство на Митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, кој ќе се одржи во среда од 20:30 часот кај Чешмичката во големиот градски парк, а на кој ќе се обратат кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во петок и сабота Хуманитарна акција на Здружението „ВЕРА“

Next Post

Синоќа од Струмица започна Караванот „Не е до нив, до тебе е“

Related Posts

Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Затворен за сообраќај патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

недела, 9 ноември, 2025 | 14:39
Вести

Приведени три лица – кај нив во автомобилот пронајдена марихуана

сабота, 8 ноември, 2025 | 13:53
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“

сабота, 8 ноември, 2025 | 11:40
Православните верници денеска го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј
Вести

Православните верници денеска го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј

сабота, 8 ноември, 2025 | 07:53
„Комуналец“ започнува голема есенска акција за чистење на улиците во градот Струмица
Вести

„Комуналец“ започнува голема есенска акција за чистење на улиците во градот Струмица

петок, 7 ноември, 2025 | 14:37
Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави
Вести

Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави

петок, 7 ноември, 2025 | 08:30

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist