среда, 19 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

ВМРО-ДПМНЕ за посетата на премиерот Ковачевски на Струмица: Нема што да бара во Струмица, нема направено ништо за нашиот град

среда, 9 ноември, 2022 | 17:58
in Вести, Струмица

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на Струмица. „Димитар Ковачевски нема што да бара во Струмица, затоа што нема направено ништо за нашиот град. СДСМ шест години се апсолутна власт без никаков бенефит за струмичани“, стои во писмената реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица испратена до медиумите.
„Наместо да ги посетува и отвора проектите започнати и изградени во мандатот на претходниот градоначалник на Струмица, Димитар Ковачевски треба да застане со отчет пред струмичани за она што неговата Влада го има направено.
Да застане пред објектот на Општа Болница и да одговори кога ќе биде завршен, да застане пред објектот на Стариот театар и да каже кога ќе му стави барем влезна врата, кога гледаме дека не може да го пушти во употреба.
Да одговори кога ќе започна со изградба новиот ветен Експресен пат Смоквица – Струмица – Ново Село – граница со Република Бугарија како и ветениот железнички крак кон Република Бугарија.
Или барем да каже кога ќе биде започната ветената реконструкција на Спортската сала „Парк“, каде што вечерва ја одржува партиската трибина.
Да одговори колку странски инвестиции донесе во Струмица, до каде е изградбата на новата Агроберза, што станува со ветениот нов Музеј или отворањето на Културен центар во старата касарна.
Наместо тоа, премиерот Димитар Ковачевски дојде во Струмица за да ги покрива неуспешните проекти на Општинската организација на СДСМ во Струмица. На пример, надалеку прочуениот проект за гасификација, чудо на Балканот според огромните инвестиции од страна на струмичани и речиси никаквиот ефект за граѓаните.
Овие денови видовме дека градоначалникот Костадин Костадинов има време за партиски настани и сликање со своите партиски директори но, нема време да ги слушне граѓаните од трибините кои самиот ги закажува.
СДСМ Струмица со своето континуирано дејство во регионот од непрекинати 20 години го осиромаши и избрка нашиот работен народ и ја уништи и Струмица и Македонија“, напишаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Премиерот Ковачевски при денешниот престој во Струмица посети и два капитални објекти во изградба

Next Post

Патувачкиот караван на УСАИД по повод 30 години партнерство со Македонија беше во Струмица

Related Posts

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тројца струмичани повредени во сообраќајка на патот помеѓу селата Смоквица и Прдејци

среда, 19 ноември, 2025 | 11:30
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило
Вести

ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

среда, 19 ноември, 2025 | 11:07
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
Вести

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

вторник, 18 ноември, 2025 | 09:06

ТОП ВЕСТИ

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist