вторник, 30 септември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала „Парк“ ги промовираше кандидатот за градоначалник Петар Јанков и кандидатската листа за советници

сабота, 27 септември, 2025 | 13:07
in Вести, ИЗБОРИ 2025, Струмица
ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала „Парк“ ги промовираше кандидатот за градоначалник Петар Јанков и кандидатската листа за советници

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица синоќа во Спортската сала „Парк“ пред голем број граѓани го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Петар Јанков и кандидатите за членови на Советот на општина Струмица предводени од д-р Никола Маџунков.

Во преполната спортска сала „Парк“ во Струмица, кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Петар Јанков порача дека е време за нова визија и обединета Струмица, која ќе биде заедничко семејство и дом за сите граѓани, без поделби и политички интереси. Тој нагласи дека Струмица треба да му припаѓа на народот, а не на политичарите, повикувајќи на сплотеност, одговорност и чесна работа во интерес на сите струмичани.

Како што истакна, оваа промоција претставува почеток на едно големо движење, кое ќе донесе промени, надеж и победа за секој струмичанец. Јанков додаде дека преку јасна програма, визија и силен тим, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди реални решенија за подобар живот во општината.

Носителот на кандидатската листа за членови на Советот на општина Струмица, д-р Никола Маџунков кажа дека е време да се врати достоинството на Струмица, да докажеме дека ова е град на народот, а не на привилегираните.

„Овие избори се нови почетоци за кратки политики и вистински реформи. На овие избори народот ќе биде силата што ја менува реалноста. Време е за промени, јас верувам во силата на сите нас, во нашата заедничка можност да создадеме промени. Имаме иден градоначалник, Петар Јанков човек кој е спремен да ја води Струмица во нова ера на функционалност, дигитилизација и современост“ – кажа д-р Никола Маџунков.

Говорејќи за кандидатот за градоначалник, Петар Јанков, д-р Маџунков кажа дека тој е човек со визија, визија за развој, за реализација на иновативни и модерни решенија.

„Со своето искуство и знаење, тој ќе се погрижи нашата Струмица биде пример за успешна општина. Верувам, со Петар Јанков Струмица не само што ќе биде современа, чист град, туку и место кадешто сите ние ќе можеме да бидеме горди на тоа што сме. Тој е човек кој има храброст да направи промена и да ја води Струмица да биде место за живеење за сите нас, без поделби на наши и ваши, да биде градоначалник за сите нас“ – кажа д-р Маџунков, кој на овој промотивен настан го претстави и својот тим од кандидати за членови на Советот на општина Струмица.

На овој свечен настан на промовирање на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник и членови на Советот на општина Струмица, свое обраќање имаа и потпретседателот на партијата, Александар Николовски и членот на Извршниот комитет, Антонио Молошоски.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Аптеки „ЕЛИКСИР“ го одбележа Светскиот ден на фармацевтите

Next Post

Кандидатите за градоначалник и носителите на советничките листи за општина Струмица го потпишаа Кодексот за фер демократски избори

Related Posts

Движењето ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за советници на Советот на општина Струмица
Вести

Движењето ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за советници на Советот на општина Струмица

недела, 28 септември, 2025 | 20:56
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Кавадарчанец уценувал жена во Струмица заканувајќи се со објава на видеа со експлицитна содржина

недела, 28 септември, 2025 | 15:32
Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Вести

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“

недела, 28 септември, 2025 | 12:32
Кандидатите за градоначалник и носителите на советничките листи за општина Струмица го потпишаа Кодексот за фер демократски избори
Вести

Кандидатите за градоначалник и носителите на советничките листи за општина Струмица го потпишаа Кодексот за фер демократски избори

сабота, 27 септември, 2025 | 22:53
Аптеки „ЕЛИКСИР“ го одбележа Светскиот ден на фармацевтите
Вести

Аптеки „ЕЛИКСИР“ го одбележа Светскиот ден на фармацевтите

сабота, 27 септември, 2025 | 12:14
Годинашниот лауреат на фестивалот „Ристо Шишков“, Биљана Драгичевиќ Пројковска ја прими наградата од директорот Ване Ристов Патриков
Вести

Годинашниот лауреат на фестивалот „Ристо Шишков“, Биљана Драгичевиќ Пројковска ја прими наградата од директорот Ване Ристов Патриков

петок, 26 септември, 2025 | 23:07

ТОП ВЕСТИ

Кандидатите за градоначалник и носителите на советничките листи за општина Струмица го потпишаа Кодексот за фер демократски избори
Годинашниот лауреат на фестивалот „Ристо Шишков“, Биљана Драгичевиќ Пројковска ја прими наградата од директорот Ване Ристов Патриков
Нова најава за доизградба на стариот струмички театар – до крајот на 2026 година, вети министерот Зоран Љутков

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Движењето ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за советници на Советот на општина Струмица

Кандидатите за градоначалник и носителите на советничките листи за општина Струмица го потпишаа Кодексот за фер демократски избори

ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала „Парк“ ги промовираше кандидатот за градоначалник Петар Јанков и кандидатската листа за советници

Мицкоски: После 19-ти октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Филипче: Марјан Даскаловски е вистинскиот избор за Струмица, човек со енергија, визија и посветеност кон граѓаните

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан
Најава за прекин на електричната енергија во градот Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist