четврток, 10 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Владата ќе ангажира 400 невработени лица за гасење пожари за месечна сума од 24.000 денари – Струмица и Кочани не аплицирале за ова мерка

понеделник, 7 јули, 2025 | 14:56
in Вести, Струмица

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари, а оние кои ќе се покажат како најдобри, ќе добијат и вработувања. Повикот до невработените е нова мерка на Владата опфатена со оперативниот план за вработување која првпат се спроведува кај нас.

„Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откако штетите се веќе направени, денес започнуваме со процес на навремена подготовка превенција и мобилизација на ресурси и луѓе. Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за извршување јавни работи со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари. Секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари. Сите оние кои ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност, по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите кои се надлежни за оваа работа“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Владата смета дека мерката има двоен ефект, еколошки и социјален оти обезбедува приход и вклучување на невработени лица, а во исто време се гради функционален и одржлив систем за заштита од пожари. Предвидено е да бидат опфатени 14 општини, односно сите општини во кои има противпожарни единици со исклучок на Кочани и Струмица кои не аплицирале за мерката.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов ги повика сите граѓани, „особено оние кои бараат работа со малку поголем предизвик и кои истовремено сакаат да помогнат на татковината да се справи со пожарите кои претстојат“, да се пријават на огласите кои ќе бидат распишани од страна на општините. Ангелов кажа дека лицата кои ќе се пријават во Скопје на огласите на Општина Кисела Вода, се очекува бројката да биде меѓу 80 и 100, ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Предвидено е да поминат кратка обука, а потоа од најдобрите ќе бидат одбрани неколкумина за новата специјална единица за заштита и спасување.

„Можеби сумата на прв поглед не е примамлива, но сите оние кои ќе се пријават на овој оглас, на територијата на целата држава и ќе покажат особен успех во справувањето со пожарите ќе имаат можност професионално да бидат вработени во некоја од територијалните противпожарни единици низ државата. За жал две општини не аплицираа на овој оглас, Општините Кочани и Струмица не аплицираа, и бројките кои беа предвидени за овие две општини најверојатно ќе бидат распоредени во останатите општини. Оние кои ќе се јават на овој оглас треба да бидат психофизички здрави, верувам дека сите тоа го знаат, но дополнително ќе утврдиме на кој начин ќе биде проверена и физичката подготвеност на овие луѓе бидејќи луѓе кои имаат хронични болести, срцеви заболувања, луѓе кои имаат проблем со шеќерот не е добро да се пријавуваат на вакви огласи“, рече директорот Ангелов.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Дивна Перишиќ, смета дека со овие вработувања малку ќе се доближиме до неопходната бројка пожарникари, која е над 1500. Сега, според податоците кои ЗЕЛС ги прибира од општините, бројката на вработени пожарникари е меѓу 700 и 800 во цела држава. Со 400 нови вработувања ќе се реши половина од проблемот, а другата половина Перишиќ најави дека ќе се обидат да ја решат со изработка на нов закон за заштита од пожари во чија изработка ќе учествува и ЗЕЛС.

ShareTweetShare
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со концерт славеше јубилеј – 35 години од основањето на Општинскиот комитет

Next Post

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко

Related Posts

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36
Испука плинска боца, интервенираа пожарникарите
Вести

Испука плинска боца, интервенираа пожарникарите

среда, 9 јули, 2025 | 12:05
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
Босилово

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии

среда, 9 јули, 2025 | 10:29
Во понеделник ќе се прска против комарци
Босилово

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција

среда, 9 јули, 2025 | 09:11
Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори
Вести

Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори

вторник, 8 јули, 2025 | 22:08
Владата обезбедува по 11.000 денари К15 за над 84.000 вработени во администрацијата
Вести

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

вторник, 8 јули, 2025 | 18:38

ТОП ВЕСТИ

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава
Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко
Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist