Недела, 28 Мај 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ од Македонија

Владата усвои препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и справување со врсничкото насилство

Вторник, 16 Мај, 2023 | 18:16
во ВЕСТИ од Македонија
Владата усвои препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и справување со врсничкото насилство

Владата на денешната седница усвои сет од 10 препораки наменети првенствено за училиштата, како и за сите останати учесници во функционирањето на воспитно – образовниот систем, со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно во насока на подигнување на безбедноста во училишните објекти и превенирање на меѓуврсничкото насилство.

„Им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со  Меѓуопштинските центри за социјална работа, да формираат стручни тимови на ниво на општина во чиј фокус на работа ќе бидат разговори поединечно со секое дете/ученик во секое училиште. Втората препорака е за Државниот совет за превенција на детско престапништво кој треба да достави информации за работата и колку општински совети за превенција се опфатени, a во следниот период да ја засили комуникацијата со Министерството за образование и наука во насока на преземање активности за градење на клима на доверба и добросостојба во училиштата, односно да се засилуваат превентивните мерки“, рече министерот за образование Јетон Шаќири, додавајќи дека во активностите на општинските совети за превенција треба да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци.

Со третиот заклучок им се укажува на сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители/старатели на тема подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во училишните објекти и околината. На состаноците, како што информираше Шаќири, потребно е да се отвори темата дали се потребни училишни униформи како кодекс на облекување на учениците, родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците како и да се размисли за надополнување на постоечките кодекси со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби.

„Потребно е на овие состаноци родителите да се потсетат за законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот законик во делот на одговорностите при извршување на  родителското право.Училиштата е потребно да го  известат Министерството за образование и наука за присутноста од страна на родителите на овие состаноци. Секако, на овие состаноци секој поединец треба да се запознае со усвоените 10 препораки“, додаде министерот.

Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците, потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби треба да одговорат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат смирување на несигурноста и задржување на чувството на безбедност во училиштето. Ова е четвртата препорака која ја усвои Владата денес, додека како петта е предвидено, основните и средни училишта да направат организација и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците за време на часовите и во просториите на училиштата. Користење на мобилните телефони во училниците потребно е да се ограничи со цел да се поттикне дискусија, размена на идеи, отворени разговори, фокусирање на содржината на учење и друго.

Министерот Шаќири соопшти дека шестата препорака се однесува на МОН и Бирото за развој на образованието кои треба да подготват листа на ресурси за кои ќе се дискутира на одделенски/класен час помеѓу наставниците и учениците, а ќе служат за унапредување на добросостојбата на учениците. Како пример ги посочи Прирачници за животни вештини и Програмаза психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини.

„Со седмата препорака им се укажува и препорачува на општините и на Град Скопје во новата Годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојбата на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите, односно старателите. Исто така, потребни се и активности за развивање на емоционални вештини и компетенции, за намалување од ризикот од психолошки нарушувања, појава на анксиозност и депресивност, а посебен фокус да има кон учениците кои се под зголемен ризик“, нагласи министерот.

Следните две препораки се однесуваат на училиштата кои треба да  обезбедат континуирано непречени услови за стручните соработници да се фокусираат на училишната клима, грижата за менталното здравје и добросостојбата на учениците, а тоа значи да имат простори услови со цел да бидат отворени за тет-а-тет средби со учениците во секој момент.

„Последниот заклучок е нешто што веќе го споменавме претходно во јавноста, МОН заедно со стручни соработници од основни и средни училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат ќе формираат работна која ќе треба да креира протокол за советодавна работа при обезбедување поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците“, рече Шаќири, додавајќи дека препораките почнуваат да важат веднаш.

Апелираше до сите за кои се однесуваат, целосно да ги почитуваат бидејќи, како што рече, заедничка на сите е одговорноста за одржување на мирот и безбедноста во училиштата и за справување со врсничкото насилство, кое видовме до кои размери може да отиде.

„Им благодарам на сите кои во изминатиот период дадоа придонес за да ги дефинираме овие препораки и да го унапредиме механизмот за борба со врсничкото насилство. Сакам да потенцирам дека тој не е фиксиран еднаш засекогаш. Напротив, процесот на консултации за дополнителна надградба останува отворен, секоја конструктивна идеја и сугестија е добредојдена“, додаде министерот.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Нема да се менуваат регистарките таблици со „НМК“ ознака, ќе се стават само налепници на постојните таблици

СЛЕДНА ОБЈАВА

На струмичките улици поставени 12 контејнери за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи
ВЕСТИ од Македонија

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

Петок, 26 Мај, 2023 | 08:43
Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
ВЕСТИ од Македонија

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

Среда, 24 Мај, 2023 | 06:39
Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов
ВЕСТИ од Македонија

Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов

Понеделник, 22 Мај, 2023 | 10:16
За една година мора да се направи промена на регистарските таблички од „МК“ со ознаката „NMK“
ВЕСТИ од Македонија

Нема да се менуваат регистарките таблици со „НМК“ ознака, ќе се стават само налепници на постојните таблици

Вторник, 16 Мај, 2023 | 16:58
Денеска е Ѓурѓовден – Честита слава и именден
Вести

Денеска е Ѓурѓовден – Честита слава и именден

Сабота, 6 Мај, 2023 | 07:51
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
ВЕСТИ од Македонија

УХМР: Нестабилно време со дожд и грмежи

Вторник, 2 Мај, 2023 | 13:25

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова меѓу 60-те уметници на Софискиот фестивал за хартиена уметност
Општина Струмица додели Плакети и Признание на најдобрите просветни работници во чест на браќата Кирил и Методиј
Исчистен е просторот од некогашната „маларична“ болница, теренот е подготвен за изградба на спортско игралиште и паркинг

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

ВЕСТИ од Македонија

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist